Една година по скандалот на Оксарите, кога му удри шамар на водителот Крис Рок, холивудскиот актер Вил Смит објави дека ќе го снима четврти дел од филмската франшиза „Лоши момци“. Смит доби десетгодишна забрана за присуство на Оскарите и неговата кариера во Холивуд беше доведена во прашање, откакако се качи на сцената кога Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што му удри шамар и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.
Смит го најави четвртиот дел на филмксиот серијал на Инстаграм, во видео со колегата од филмот Мартин Лоренс.
Филмот сѐ уште нема наслов, но познато е дека ќе го го режираат Адил ел Арби и Билал Фалах, кои го режираа и третиот дел. Филмот беше еден од најуспешните пред ковид пандемијата, и заработи 426 милиони на светско ниво.