ЕВРОПСКИ КРАЛСКИ БОГАТСТВА ПРОНАЈДЕНИ ЗАВИТКАНИ ВО ВЕСНИЦИ ОД 1939 ВО КАТЕДРАЛА ВО ВИЛНУС

    ЕВРОПСКИ КРАЛСКИ БОГАТСТВА ПРОНАЈДЕНИ ЗАВИТКАНИ ВО ВЕСНИЦИ ОД 1939 ВО КАТЕДРАЛА ВО ВИЛНУСМеѓу предметите има круна што му припаѓала на Александер Јагелович, крал на Полска и велики војвода од Литванија. (Фото: Гоу Вилнус)

    Кралски богатства со предмети како погребни круни и обележја на средновековните европски владетели кои биле скриени со децении, се откриени во криптите на катедралата во Вилнус, Литванијa. Комората на криптата на Катедралата „Св. Стансислав и Св. Ладислав“ не била отворена од почетокот на Втората Светска војна во 1939, соопшти Агенцијата за промоција на туризмот „Гоу Вилнус“.

    Меѓу предметите има круна што му припаѓала на Александер Јагелович, крал на Полска и велики војвода од Литванија, кој живеел од 1461 до 1506.  Меѓу другите артефакти се и круна, синџир, медалјон, прстен и плоча од ковчег кои припаѓаат на Елизабета од Австрија, која живеела од 1436-1505.

    Артефактите биле ставани во саркофазите на кралското семејство кога биле положени, а круните не се носеле, туку биле изработени по смртта за да бидат дел од гробницата.

    Беа извршени неколку  пребарувања без резултати, и конечно во декември, со помош на ендоскопска камера, артефактите беа пронајдени, завиткани во весници од 1939. (Фото: „Гоу Вилнус“)

    Предметите за првпат биле откриени во 1931, кога катедралата се чистела по пролетната поплава, откривајќи крипта со останки на владетелите. Тие беа изложени до почетокот  на Втората светска војна во 1939 кога беа скриени. Беа извршени неколку  пребарувања без резултати, и конечно во декември, со помош на ендоскопска камера, артефактите беа пронајдени, завиткани во весници од септември 1939.

    „Откриените погребни обележја на монарсите на Литванија и Полска се непроценливи историски богатства, симболи на долгата традиција на литванската државност, знаци на Вилнус како главен град и величествени дела на златарство и накит“, рече архиепископот Вилнус Гинтарас Грушас за „Си-Ен-Ен“.

    „Тие ќе бидат истражени, конзервирани и презентирани на јавноста во иднина“, велат од надбискупијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира