ФАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПОСТАВИЈА НАДГРОБЕН СПОМЕНИК ЗА ЏЕЈМС БОНД НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЗАГИНА

    ФАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПОСТАВИЈА НАДГРОБЕН СПОМЕНИК ЗА ЏЕЈМС БОНД НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЗАГИНАСпоменикот со натписот „Во сеќавање на Џејмс Бонд 1962-2021“ го отвори премиерот на Фарските Острови (Фото: Твитер)

    Надгробен споменик за Џејмс Бонд е поставен на малиот остров Калсој во рамките на Фарските Острови, каде што се снимаа сцени од финалето на „Нема време за умирање“. Овој остров послужи како дувло на главниот негативец Луцифер Сафин (Рами Малек), кој во завршните сцени се соочува со Бонд, кој притоа умира во ракетен напад.

    Надгробниот споменик со натписот „Во сеќавање на Џејмс Бонд 1962-2021“ го отвори премиерот на Фарските Острови, кои исто така нудат туристичка тура по локациите каде што се снимаше филмот.

    „Нема време за умирање“ е последниот, петти филм во кој Даниел Крег го играше тајниот агент 007. Одлуката да се убие Бонд ги шокираше гледачите и критичарите. Крег неодамна откри дека отсекогаш имал идеја неговата верзија на Бонд да умре на крајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира