ФОТОГРАФИТЕ ТЕСТИНО И ВЕБЕР ИЗБРКАНИ ОД СИТЕ МОДНИ МАГАЗИНИ ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА

    ФОТОГРАФИТЕ ТЕСТИНО И ВЕБЕР ИЗБРКАНИ ОД СИТЕ МОДНИ МАГАЗИНИ ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБАДесетици машки модели и соработници излегоа со обвинувања кон нив. - Брус Вебер и Марио Тестино (Фото: Гети)

    Славните фотографи Марио Тестино и Брус Вебер добија забрана за работа во модни магазини, вклучувајќи го и „Вог“, по серија обвинувања дека сексуално злоупотребувале машки модели и соработници.

    Сведоштва на модели прв објави весникот „Њујорк тајмс“.

    Вебер ги негираше овие обвинувања, додека адвокатот на Тестино изјави дека „тие што ги обвинуваат не можат да се сметаат за релевантни извори“.

    Издавачот на „Вог“, „Венити фер“ и на „Џи Кју“, компанијата „Конде Наст, објави дека нема да соработува со двајцата фотографи во блиска иднина.

    Беше тешко да се чујат овие тврдења и да се соочиме со нив“, кажа извршната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

    Тестино, кој во минатото соработувал со Мадона, Кејт Мос, Мишел Обама и со британското кралско семејство, беше обвинет за недолично сексуално однесување од 13-мина машки модели и асистенти.

    Еден од нив, Рајан Локе, го опиша Тестино како сексуален предатор, а други открија дека тој мастурбирал пред нив.

    Американскиот фотограф Брус Вебер (71) е обвинет од 15 сегашни и бивши модели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира