ФРАНЦУСКИ ИНОВАТОР ОД ВТОР ОБИД УСПЕА ДА ГО ПРЕЛЕТА ЛАМАНШ СО ФЛАЈБОРД

    ФРАНЦУСКИ ИНОВАТОР ОД ВТОР ОБИД УСПЕА ДА ГО ПРЕЛЕТА ЛАМАНШ СО ФЛАЈБОРДФренки Запата леташе со брзина од 170 километри на час и на целта стигна за 22 минути (Фото: Гети)

    Францускиот иноватор Френки Запата стана првиот човек кој го прелетал каналот Ламанш со флајборд.

    Четириесетгодишниот Запата тргна од Санжат во близина на Кале и слета во заливот Сент Маргарет во Довер. За патувањето долго 35,4 километри, на коешто носеше керозин во ранец, му требаа 22 минути.

    Тој првпат се обиде да го прелета Ламанш со својот изум на 25 јули, но тогаш се откажа поради проблеми со доводот на горивото.

    „Ја направивме оваа машина пред три години и сега успеавме со неа да го преминеме Ламанш. Беше лудо. Не знам дали ова е историски потфат или не, времето ќе покаже“, изјави Запата, кој леташе со брзина од 170 километри на час.

    Тој првпат го претстави својот изум минатиот месец, за време на годишната парада за Денот на Бастилја во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира