Амбасадата на Шведска и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од денеска почнуваат со акцијата „14-дневен предизвик за одржливо живеење во регионот“.
Акцијата има за цел да стимулира одржливи начини на урбано живеење, што би можеле да ги подобрат квалитетот на животот и заштитата на нашата средина. Притоа ќе бидат поканети јавни личности кои го практикуваат ова, со сопствен пример да поттикнат позитивни промени во општеството.
Предизвикот се состои од практикување на мали, но одржливи решенија во секојдневните исхрана, транспорт и навики, а искуствата ќе се споделуваат на социјалните мрежи.
Предизвикот ќе трае до 14 декември, при што на крајот ќе се организира средба на учесниците за размена на искуствата.