Секој ден е нов предизвик кога станува збор за личните финансии. На сите нас ни се многу важни правилното управување со личните финансии, разните плаќања, планирањето на иднината и следењето на дигиталните новитети во банкарскиот свет.
И сето тоа може да биде многу едноставно средено кога доаѓа во еден пакет и со пониска цена од редовните цени на банкарските производи и услуги. Банкарските пакети се атрактивно финансиско решение затоа што воведуваат ред во светот на личните финансии и ти го олеснуваат денот така што се чувствуваш безгрижно и одговорно.
Твоите банкарски потреби, финансиски цели и секојдневни желби лесно може да ги оствариш со КБ пакетите или со Zipp пакетот за млади до 29 години кои се достапни онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID и ти нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии.
Со КБ пакетите добиваш:
• Бројни банкарски услуги вклучени во еден пакет
• Фиксна месечна тарифа
• Помал месечен трошок за повеќе банкарски услуги или без трошок за невработени млади до 29 години
Може да избереш КБ Стандард, КБ Бонус или Zipp пакет, кој го користиш секој ден бесплатно или по пониски цени од редовните.
КБ Стандард ти ги нуди најважните банкарски услуги за секој ден: платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатни електронски налози кон физички и правни лица со сметки во Комерцијална банка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, 10 бесплатни проверки на состојба на сметка на банкомат, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати. Целиот пакет ќе те чини само 40 денари месечно.
КБ Бонус ги остварува твоите желби со бонус придобивки. Покрај редовните услуги што ги добиваш со стандардниот пакет, со КБ Бонус добиваш уште повеќе – неограничена проверка на состојба преку банкомат на Комерцијална банка, бесплатна обнова на дебитната картичка и промена на ПИН и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка. Сите овие поволности ќе те чинат 100 денари месечно.
Zipp Club пакетот е нова и возбудлива програма за млади до 29 години, кој овозможува целосно дигитално искуство дополнето со ексклузивни попусти, награди, бенефити при патување и учество во општествено корисни активности. Со Zipp Club добиваш бесплатно дигитално банкарство, платежна сметка, бесплатна Zipp Mastercard дебитна картичка, специјални попусти и поволности во голем број продажни места означени како Zipp Spots, поени и други поволности при секое плаќање со BonusBox програмата, бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди, бесплатен 3х1 GB интернет во роаминг годишно, 6 бесплатни пристапи годишно во VIP зони во над 1.500 аеродроми, плаќање со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, учество во специјални наградни игри и многу други бенефиции. Zipp Club пакетот е целосно бесплатен за невработени, а за вработени чини само 30 денари месечно.
Секој пакет може да го активираш онлајн или со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, може да ја отвориш онлајн лесно и брзо со електронска идентификација преку OneID.
Изборот на твојот КБ пакет нека биде твојот убав предизвик кој ќе ти отвори целосно нова перспектива на твоите лични финансии.
- Комерцијална објава



