ЌЕРКАТА НА СИНДИ КРОФОРД НА 16 ГОДИНИ ДЕБИТИРАШЕ НА МОДНА ПИСТА

    ЌЕРКАТА НА СИНДИ КРОФОРД НА 16 ГОДИНИ ДЕБИТИРАШЕ НА МОДНА ПИСТАРано тргна по стапките на својата славна мајка. - Каја Гербер (Фото: Гети)

    Каја Гербер, 16-годишната ќерка на прославената манекенка Синди Крофорд, го имаше своето деби на модните писти, носејќи дел од колекцијата на Келвин Клајн за пролет/лето 2018 на њујоршката модна недела.

    Нејзината мајка од првиот ред го проследи настанот, што многумина ги врати назад во времето. Носејќи модели од Дона Каран, Синди Крофорд за првпат стапна на модната писта во 1991 година и иако модата многу се смени оттогаш, двете избраа класичен американски дизајнер за своето деби.

    Доби достојна наследничка. – Синди Крофорд на своето деби на модните писти во 1991 година (Фото: Гети)

    „Таа има 16 години и сега веќе смее да работи. Беше извонредна, изгледаше смирено и самоуверено. Многу сме горди со неа. Единствениот совет што и го дадов беше да биде одговорна, љубезна и професионална во работата. И да не гледа во телефон цело време“, изјави Крофорд, чиј 18-годишен син Присли е, исто така, модел.

    Каја Гербер претходно стана заштитно лице на Марк Џејкобс и се појави на насловната страница на „Тин воуг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира