„М КЕШ“ И „ЕДЕН НА ЕДЕН“ СО НОВА РЕКЛАМА ГО ПРОДОЛЖУВААТ ПАРТНЕРСТВОТО И ВО 2022

    „М КЕШ“ И „ЕДЕН НА ЕДЕН“ СО НОВА РЕКЛАМА ГО ПРОДОЛЖУВААТ ПАРТНЕРСТВОТО И ВО 2022Бренд амбасадор повторно е Жарко Димитриоски

    „М Кеш“ и маркетинг агенцијата „Еден на еден“ го продолжуваат партнерството и оваа година и веќе е објавена првата од серијата рекламни кампањи за 2022. Бренд амбасадор повторно е едно од најпознатите ТВ-лица кај нас, Жарко Димитриоски, воедно и креативен директор во „Еден на еден“.

    По седум години на пазарот како прва компанија во сегментот на брзи кредити, „М Кеш“ најавува и многу новитети за 2022.

    „Среќен сум што резултатите од ланската кампања беа толку успешни и продолжуваме онаму каде што застанавме со нашите партнери од ‘М Кеш‘. Имаат одличен тим во Скопје и Софија и соработката оди совршено. Лани имав ретка привилегија да потпишам режија и сценарио, но и да бидам во главна улога, па тоа што повторно сум нивни бренд амбасадор, ме прави многу благодарен”, вели Димитриоски.

    Силвија Александрова е директорката на регионалниот маркетинг на „М Кеш“ и останатите брендови на компанијата „Easy Credit“.

    „Благодарна сум на агенцијата ‘Еден на еден‘ за професионалната работа. Обрнуваат внимание на секој детаљ кон секој заеднички проект со ‘М Кеш‘“, вели таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира