МАГНУС КАРЛСЕН СЕ ВРАТИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ОТКАКО ШАХОВСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА МУ ДОВОЛИ ДА НОСИ ФАРМЕРКИ

    МАГНУС КАРЛСЕН СЕ ВРАТИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ОТКАКО ШАХОВСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА МУ ДОВОЛИ ДА НОСИ ФАРМЕРКИКарлсен рече дека рече дека ќе игра - и ќе носи фармерки - на Светското првенство. (Фото: АП)

    Најдобро рангираниот шахист Магнус Карлсен се врати на Светското првенство во брзопотезен шах во Њујорк, откако шаховското раководно тело се согласи да го олабави кодексот за облекување поради кој тој беше казнет зашто одби да не носи фармерки. Претседателот на Меѓународната шаховска федерација Аркадиј Дворкович рече дека ќе им дозволи на официјалните лица на турнирот од Светскиот шампионат да размислат да дозволат „соодветни фармерки“ со сако и други „елегантни мали отстапувања“ од кодексот на облекување.

    Тој рече дека ставот на Карлсен – кој кулминираше со неговото напуштање на турнирот во петокот – ја истакна потребата од повеќе дискусии „за да се осигураме дека нашите правила и нивната примена ја одразуваат еволутивната природа на шахот како глобален и достапен спорт“.

    Во меѓувреме, Карлсен во видеото објавено во неделата на социјалните мрежи рече дека ќе игра – и ќе носи фармерки – на Светското првенство.

    „Мислам дека ситуацијата беше лошо управувана од нивна страна“, рече 34-годишниот норвешки велемајстор. Но, тој додаде дека сака да игра брзопотезен шах и сака навивачите да можат да гледаат и дека е охрабрен од неговите дискусии со федерацијата по пресметката во петокот. „Мислам дека некако сите го сакаме истото“, рече тој во видеото на каналот на Јутјуб на неговата шаховска апликација „Тејк тејк тејк“. „Сакаме на играчите да им биде удобно, секако, но и да се релативно претставителни“.

    Кавгата започнаа кога Карлсен носеше фармерки и спортско сако во петокот на Светското првенство за брз шах, кое е одвоено, но се одржува заедно со натпреварот за брзопотезен шах. Шаховската федерација во петокот рече дека долгогодишните правила забрануваат фармерки на тие турнири, а играчите се сместени во близина за да се олесни менувањето на алиштата ако е потребно. Службеник го казни Карлсен со 200 долари и побара од него да ги смени панталоните, но тој одби и не беше спарен за натпревар од деветтото коло, соопшти тогаш федерацијата. Организацијата забележа дека уште еден велемајстор, Ијан Непомнијашчи, бил казнет порано во текот на денот поради носење патики, но ги сменил и продолжил да игра. Карлсен рече дека понудил да облече нешто друго следниот ден, но официјалните лица биле непопустливи. Тој рече дека „тоа стана малку прашање на принцип“, па се откажа од шампионатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира