МАРТИН ЛУТЕР КИНГ ГИ ПЛАТИЛ БОЛНИЧКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА РАЃАЊЕТО НА ЏУЛИЈА РОБЕРТС ОТКАКО НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА НЕГОВИТЕ ДЕЦА

    МАРТИН ЛУТЕР КИНГ ГИ ПЛАТИЛ БОЛНИЧКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА РАЃАЊЕТО НА ЏУЛИЈА РОБЕРТС ОТКАКО НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА НЕГОВИТЕ ДЕЦАРобертс објасни дека нејзините родители не биле во можност да ја платат болничката сметка (Фото: Гети)

    Досега малку познатиот факт дека Мартин Лутер Кинг и неговата сопруга Корета платиле за раѓањето на актерката Џулија Робертс со голема брзина се прошири на социјалните мрежи во изминатите денови.

    Сè почна кога еден корисник на Твитер сподели компилација од видеа со Робертс, велејќи дека „сè уште го шокира фактот дека Мартин Лутер Кинг платил за нејзиното раѓање“. Неколку дена подоцна, кога Робертс го славеше 55. роденден на 28 октомври, на Твитер се прошири видео од нејзино интервју со новинарката Гејл Кинг, во кое актерката ја сподели приказната за своето раѓање.

    Робертс објасни дека Мартин Лутер Кинг и Корета Скот Кинг ги подмириле болничките трошоци зашто нејзините родители не биле во можност да ја платат сметката.

    „Моите родители воделе театарска група во Атланта и еден ден им се јавила Корета Кинг за да ги праша дали нејзините деца можат да бидат дел од групата зашто имале проблеми да најдат место каде што би се вклопиле. Мајка ми се согласила и така почнало нивното пријателство“, откри Робертс во интервјуто.

    Робертс е родена во Смирна, Џорџија, на 28 октомври 1967, неполни шест месеци пред убиството на Кинг.

    „Очигледно, моите родители не можеле да платат за болницата и Мартин и Корета им помогнале да испливаат од проблемите“, кажа Робертс.

    Бернис Кинг, адвокатка и најмладо дете на двојката Кинг, вели дека оваа приказна ѝ е добро позната.

    „Тоа само ме потсетува на великодушноста и влијанието на моите родители“, кажа таа.

    Актерското школо на Волтер и Бети Лу Робертс било единственото во Атланта кое примало и бели и црни деца. Школото подоцна било затворено од финансиски причини, а Волтер и Бети Лу Робертс се развеле пред неговата смрт во 1977.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира