Ресторанот „Фор“ во склоп на Парк Хотел и Спа наскоро ќе го претстави новото мени, подготвено од Никос Анагносту, мастер шеф со искуство од светски реномирани ресторани.
Тој вели дека неговото искуство во медитерански, француски и јапонски ресторани и она што го нуди македонската кујна му овозможуваат да биде креативен и да создаде вкусови кои досега не биле вкусени во Македонија.
„Искуството во медитерански, француски и јапонски ресторани и она што го нуди македонската кујна ми овозможуваат да бидам креативен во креирањето на фузија на вкусови кои досега не биле вкусени во Македонија, а ќе можат наскоро да се искусат во ресторан Фор”, вели мастер шефот Никос Анагносту, кој има работено во ресторани во Лондон, Атина, Миконос и Санторини.