Осумдесет и првото доделување на Златните глобуси ќе се одржи вечерва во Лос Анџелес, а годинава, организаторот ги здружи силите со ресторанот „Нобу“ за да создадат кулинарско искуство за кое се вели дека ќе го редефинира традиционалното мени за доделување награди.
Ексклузивното мени го состави познатиот готвач Нобу Мацухиса, кое содржи препознатливи јадења за неговиот ресторан, како што е тартар од лосос со кавијар во соја „васаби“, жолта опашка со халапењо, мисо од црн бакалар и друго.
„Нашиот тим е почестен што е дел од оваа извонредна соработка. Изработката на мени за еден ваков легендарен настан ни овозможи да ги поместиме границите на креативноста. Се надеваме дека менито ќе додаде допир на магија на незаборавната филмска вечер“, изјави Мацухиса.
Златните глобуси, исто така, во соработка со списанието за животен стил „Роб репорт“ ќе им подари ексклузивна торба на победниците и презентерите, во која има повеќе од 35 луксузни производи и вреди над 500 илјади долари.