МОТИВАЦИСКАТА ГОВОРНИЧКА АНА БУЧЕВИЌ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАДРИЛЕКАРСТВО ВО ХРВАТСКА

    МОТИВАЦИСКАТА ГОВОРНИЧКА АНА БУЧЕВИЌ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАДРИЛЕКАРСТВО ВО ХРВАТСКАВо мај минатата година, Бучевиќ одржа семинар и во Скопје, на кој што зборуваше на темата „Станете свесен креатор“. (Фото: СДК.МК)

    Хрватското министерство за здравство поднесе кривична пријава против познатата мотивациска говорничка Ана Бучевиќ. Од министерството се надеваат дека реакцијата на надлежните за овој случај ќе биде брза и ефективна, бидејќи, како што велат оттаму, претходните слични појави како лечење грип преку Фејбук и телефон и антивакциналните движења направиле големи штети.

    Сплиќанката Бучевиќ во јавноста се претставува како животен тренер и на т.н. мотивациски крстосувања држи предавања за „избалансирано енергетско ниво“, кое што го нарекува „вортекс“ и им објаснува на луѓето дека за нивната состојба одговорна е енергетската нерамнотежа.

    Самата Бучевиќ тврди дека за нејзината програма има добиено одобрение од министерството за образование. Таа вели дека досега има одржано над 50 семинари во целиот регион и дека мотивирала илјадници луѓе.

    Во мај минатата година, Бучевиќ одржа семинар и во Скопје, на кој што зборуваше на темата „Станете свесен креатор“. Влезницата чинеше 70 евра.

    Пред полната сала во хотелот „Холидеј ин“, Бучевиќ говореше за љубовта, законот на привлекување, позитивните вибрации, воспитување на децата, а одговараше и на прашањата на присутните кои споделуваа животни приказни и бараа совети. Говорите и мотивациите на Бучевиќ дека секој е способен да го креира својот живот повеќето од присутните на семинарот ги следеа расплакани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира