Напорите да се создадат човечко-животински химери ги обновија етичките дебати откако тим научници наводно успеал да произведе ембриони на мајмун што содржат човечки клетки.
Химера е организам чии клетки доаѓаат од две или повеќе единки, при што во најнов случај биле комбинирани различни видови.
Како што објави шпанскиот весник „Ел Паис“, тим истражувачи од институтот „Салк“ во САД, предводен од професорот Хуан Карлос Исписуа Белмонте, произвел мајмунско-човечки химери. Истражувањето било спроведено во Кина, со цел да се избегнат законски проблеми.
На химерите се гледа како на можен извор на органи за трансплантација. Научниците веруваат дека органи кои генетски одговараат на одреден примател еден ден би можеле да се одгледуваат во животни.
Белмонте и неговиот тим претходно имаат создадено ембриони од овца и свиња кои содржат човечки клетки.