НАУЧНИЦИТЕ ЈА РЕШИЈА МИСТЕРИЈАТА НА АНТИЧКИ УРЕД ШТО СЕ СМЕТА ЗА НАЈСТАР КОМПЈУТЕР НА СВЕТОТ

    НАУЧНИЦИТЕ ЈА РЕШИЈА МИСТЕРИЈАТА НА АНТИЧКИ УРЕД ШТО СЕ СМЕТА ЗА НАЈСТАР КОМПЈУТЕР НА СВЕТОТАнтикитера е пронајдена пред 120 години, но само една третина од уредот преживеала (Фото: АФП)

    Две илјади години стар уред кој често се нарекува „најстариот компјутер на светот“ е повторно создаден од научниците кои се обидуваат да сфатат како работел. Механизмот Антикитера ги збунува експертите откако бил пронајден во Грција во 1901 година меѓу остатоците од брод од римско време.

    Се верува дека рачно напојуваниот уред од античка Грција служел за да се предвидуваат помрачувањата и други астрономски настани. Но, само една третина од уредот преживеала, оставајќи ги научниците зачудени како работел и изгледал.

    Со помош на 3-Д компјутерско моделирање, научниците го создале сложениот систем на запчаници

    Задниот дел од механизмот бил решен со претходни истражувања, но мистерија остана природата на неговиот сложен систем на запчаници во предниот дел. Научниците од лондонскиот Универзитетски колеџ веруваат дека конечно ја решиле загатката, користејќи 3-Д компјутерско моделирање. Тие повторно го создале целиот преден панел и сега се обидуваат да изградат целосна реплика на Антикитера со користење на модерни материјали.

    Сонцето, Месечината и планетите се прикажани со импресивна вештина на древната грчка брилијантност. Ова е првиот модел кој одговара на сите физички докази и на описите во научните натписи врежани во самиот механизам“, вели Том Фрит, водачот на истражувањето.

    Механизмот се опишува како астрономски калкулатор и прв аналогни компјутер. Тој е направен од бронза и содржи десетици запчаници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира