Новогодишниот концерт на Берлинската филхармонија, со кој ќе диригира Даниел Баренбоим, ќе се пренесува во живо во 250 кино сали низ Европа.
Баренбоим исто така ќе настапи како пијанист и ќе го изведе Концертот за пијано бр. 26 од Волфганг Амадеус Моцарт. Програмата ќе вклучи и дела на Морис Равел, меѓу кои и „Болеро’, објави Филхармонијата.
Баренбоим има долга соработка со овој оркестар, со кој за првпат настапи на 21-годишна возраст во јуни 1964, а како диригент во 1969 година.
Кино проекциите почнуваат во 17 часот на 31 декември, а концертот ќе може да се гледа во Германија, Австрија, Швајцарија, Чешка, Финска, Унгарија, Ирска, Луксембург, Холандија, Полска, Норвешка, Шведска и во Велика Британија.