ОБЈАВЕНА ВИНОПЕДИА, ОНЛАЈН КАРТА СО ВИНАРИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

    ОБЈАВЕНА ВИНОПЕДИА, ОНЛАЈН КАРТА СО ВИНАРИИ НИЗ МАКЕДОНИЈАЗа помалку од 24 часа од објавувањето на онлајн винската карта, ја посетиле повеќе од 1.000 корисници. (Фото: Принтскрин од страната)

    Двесте и педесет винарии содржи онлајн карта на винарии во земјава, насловена Винопедиа, која е бесплатна и достапна преку Гугл мапс. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите Михаил Петков и Златко Прцуловски.

    Како што велат од тимот на проектот, во првите 6 месеци од оваа година регистрирани се 100 нови винарии. Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарии.

    „Винопедиа во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта изврши геолоцирање и дигитално мапирање на регистрирани винарии со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање на винариите. За помалку од 24 часа од објавувањето на онлајн винската карта повеќе од 1.000 корисници ја посетија и започнаа да ја користат“, велат тие.

    Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. На винската карта покрај винариите во соработка со Независната угостителска комора (НУК) мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира