ОБОЖАВАТЕЛКА НА „МАМА МИА“ СО ДЕМЕНЦИЈА ДОБИ ПРИВАТНА КИНО ПРОЕКЦИЈА ОТКАКО ПУБЛИКАТА ЈА ИЗБРКА

    ОБОЖАВАТЕЛКА НА „МАМА МИА“ СО ДЕМЕНЦИЈА ДОБИ ПРИВАТНА КИНО ПРОЕКЦИЈА ОТКАКО ПУБЛИКАТА ЈА ИЗБРКАОткако Ријанон и нејзината мајка Ширли се пожалија на Фејбук дека публиката во киното Ву била непријатна кон нив, киното Синеворлд ја покани 68-годишната Ширли на приватна проекција, по што таа покани со неа да дојдат повеќе од 100 пријатели и други пациенти со деменција (Фото: Велс њуз сервис)

    Обожавателка на мјузиклот „Мама миа“ која има деменција, од киното Синеворлд во Њупорт, Велс доби приватна проекција на продолжението на филмот од пред 10 години, откако неколку членови на публиката се пожалиле на нејзиното гласно пеење. Ријанон Луис и нејзината мајка Ширли, која е во почетна фаза на деменцијата, изјавија дека ја напуштиле проекцијата порано, кога луѓето кои седеле зад нив во киното Ву во Кумбран, почнале да кашлаат, да реагираат и да довикнуваат.

    Откако Ријанон се пожали на ФејСбук, киното Синеворлд ја покани 68-годишната Ширли на приватна проекција, по што таа покани со неа да дојдат повеќе од 100 пријатели и други пациенти со деменција.

    Ријанон вели дека дека музиката од филмот ѝ помага на нејзината мајка да се смири, а ѝ била дијагностцирана почетната фаза на деменција на возраст од 57 години. Филмот од пред десет години, во кој игра Мерил Стрип и е работен според песните на „АББА“, е омилен филм на Ширли.

    „На проекцијата во јули, кога ѝ беше роденден, луѓето беа непријатни кон нас. Мајка ми навистина се натажи. Не сакаше да ја напушти салата и викаше ‘Не, не’ додека се обидувавме да ја станеме од седиштето.
    Кога ја добивме поканата од менаџерот на киното, стресот како да се стопи“, рече Ријанон.

    „Луѓето беа слободни да се движат, да стануваат, да играат и да пејат. За време на тие неколку часа, мајка ми не беше дезориентирана или збунета и не мораше да се справува со битката низ која поминува“, додаде Ријанон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира