Боливискиот војник кој го егзекутирал легендарниот револуционерен герилец Ернесто Че Гевара почина на 80 години.
„Марио Теран едноставно извршил војничка наредба“, изјави пензионираниот генерал Гари Прадо, кој ја водел групата која го фатила Гевара во 1967 по неколкумесечна потрага.
Гевара се стекнал со митски статус како водечка фигура на Кубанската револуција која го собори диктаторот Фулхенсио Батиста во 1959 година. Откако неколку години служеше во кубанската влада, Гевара го продолжи својот револуционерен пат во Африка и Јужна Америка. Неговата мала група конечно беше фатена од боливиската војска во 1967.
Теран бил избран да го убие веќе ранетиот Гевара откако пристигнала таква наредба од главниот град.
„Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Че ме гледаше во очи и ми кажа да се смирам и да бидам прецизен. Се повлеков еден чекор наназад, ги затворив очите и пукав“, кажа своевремено Теран.