ПОЧИНА ЏО ЏЕКСОН, СУРОВ ТВОРЕЦ НА НАЈГОЛЕМАТА МУЗИЧКА ДИНАСТИЈА

    ПОЧИНА ЏО ЏЕКСОН, СУРОВ ТВОРЕЦ НА НАЈГОЛЕМАТА МУЗИЧКА ДИНАСТИЈАНаправи голема ѕвезда од него, но се разделија во 1979. - Мајкл и Џо Џексон во 2005 година (Фото: ЕПА)

    Џо Џексон, музички и талент менаџер и татко на Мајкл и Џенет Џексон, почина на 89-годишна возраст во болница во Лас Вегас, кадешто се лекуваше од рак.

    Како глава на семејството Џексон, тој одигра голема улога прво во кариерата на „Џексонс 5“, мегауспешната поп група во којашто членуваа петмина негови синови, а потоа и на Мајкл и Џенет Џексон.

    Тој беше архитект на раните успеси на неговите деца, што ги вклучува и другите две ќерки ЛаТоја и Реби, но некои од нив подоцна открија дека тоа имало и темна и сурова страна.

    Мајкл Џексон го обвини татко му за физичко и психичко малтретирање, како и дека го принудувал на исцрпувачки работен распоред.

    „Тој стоеше на пробите со каиш во рацете и нѐ казнуваше за секој погрешен чекор во танцувањето“, кажа Мајкл Џексон во едно интервју.

    Во интервјуто за Би-Би-Си во 2003 година, Џо Џексон призна дека го шибал Мајкл, но негираше дека тоа е тепање.

    „Не жалам што сум го правел тоа. Тоа ги држеше подалеку од затвор и ги изведе на вистински пат“, кажа Џексон.

    Мајкл Џексон го отпушти Џо како менаџер во 1979 година и самиот презеде контрола врз својата кариера. Џо Џексон потоа се фокусираше на кариерата на ќерка му Џенет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира