ПОЧИНА ЏУЛИ ПАУЕЛ, АВТОРКАТА НА БЕСТСЕЛЕРОТ СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕН ФИЛМОТ „ЏУЛИ И ЏУЛИЈА“

    ПОЧИНА ЏУЛИ ПАУЕЛ, АВТОРКАТА НА БЕСТСЕЛЕРОТ СПОРЕД КОЈ Е СНИМЕН ФИЛМОТ „ЏУЛИ И ЏУЛИЈА“Пауел се прослави откако почна да пишува блог за храна (Фото: Гети)

    Џули Пауел, американската авторка која се прослави со книгата со рецепти „Џули и Џулија“ според која е снимен истоимениот филм, почина на 49 години. Нејзиниот сопруг Ерик Пауел потврди за „Њујорк тајмс“ дека починала од срцев удар.

    Пауел се прослави откако почна да пишува блог за храна, кој го следеше нејзиниот обид да ги приготви сите рецепти од книгата на славната готвачка Џулија Чајлд, „Совладување на уметноста на француското готвење: прв том“. Таа го почнала блогот во 2002 и до крајот на годината успеа да собере над 400.000 прегледи.

    Три години подоцна, блогот се претвори во книгата „Џули и Џулија: Моја година на опасно готвење“, според која беше снимен филм во 2009 со Ејми Адамс и Мерил Стрип. Книгата на Пауел се продаде во милион примероци и покрена тренд на пишувачи за храна, но пред да почине во 2005, Џулија Чајлд призна дека не била нејзин фан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира