Малколм Јанг, еден од основачите на хард рок групата Еј-Си/Ди-Си и поранешен гитарист, почина на 64-годишна возраст по долга борба со деменција.
Јанг го оформи легендарниот австралиски бенд во 1973 година заедно со својот брат Ангус и беше главната творечка сила на сите освен на последниот 17. албум, кога се повлече поради болеста.
„Како гитарист, композитор и визионер, тој беше перфекционист и уникатен човек. Секогаш си остана доследен на себеси и го правеше токму она што го сакаше. Неговата верност кон фановите беше ненадмината“, изјави Ангус Јанг.
Иако како ритам гитарист беше во сенка на својот помлад брат, Малколм Јанг е заслужен за некои од најголемите хитови и за некои од најпознатите рифови што групата ги има снимено.
Во април 2014 година, тој објави дека привремено се повлекува од групата, но по само пет месеци целосно се пензионираше, препуштајќи му го своето место на внукот Стиви.