Рокерот Крис Корнел, кој се прослави како пејач на бендовите Саундгарден и Аудиослејв, почина на 52 години, соопшти неговиот агент. Корнел, кој беше на турнеја, починал ноќеска во Детроит, кажа Брајан Бамбери во изјава за АП.
Бамбери ја нарече смртта на Корнел „ненадејна и неочекувана“ и рече дека сопругата и семејството биле шокирани. Тој кажа и дека семејството ќе соработува со медицинските истражители да се утврди причината за смртта и дека побарале да им се почитува приватноста.
Корнел беше еден од водечките вокали на движењето гранџ од 90-те години на минатиот век, од кое произлегоа најголемите бендови од Сиетл, како Нирвана, Прл Џем и Алис ин чејнс.