ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ПРОДОЛЖЕНИЈАТА НА „АВАТАР“, ЌЕ ЧИНАТ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

    ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ПРОДОЛЖЕНИЈАТА НА „АВАТАР“, ЌЕ ЧИНАТ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИПрвиот од четирите продолженија ќе излезе во декември 2020 година

    По низа одложувања и менувања на сценариото, конечно стартуваше продукцијата на долго очекуваното продолжение на „Аватар“, осум години откако епското научно-фантастично дело на Џејмс Камерон стана еден од најуспешните филмови на сите времиња, заработувајќи 2,788 милијарди долари.

    Тоа ќе биде најграндиозниот и најскап филмски проект во историјата, бидејќи истовремено ќе се снимаат не едно, туку четири продолженија на филмот, кој освои три оскари во 2010 година. Четирите филма на Камерон заедно ќе чинат над милијарда долари (буџетот на првиот дел изнесуваше 237 милиони долари).

    Иако снимањето е на својот почеток, сите четири продолженија веќе имаат одреден датум на премиерата, па „Аватар 2“ ќе се појави во кината на 18 декември 2020 година, додека на последниот дел ќе мора да се чека до 19 декември 2025 година.

    Оригиналниот план бил продолженијата да почнат да се пуштаат од декември 2016 година, но тоа не се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира