ПОРАНЕШНИОТ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР ШРЕДЕР СЕ ПОДМЛАДИ ОТИ НЕ ЈАДЕ КОЛБАСИ

    ПОРАНЕШНИОТ ГЕРМАНСКИ КАНЦЕЛАР ШРЕДЕР СЕ ПОДМЛАДИ ОТИ НЕ ЈАДЕ КОЛБАСИСопругата на Шредер на Инстаграм ја објаво споредбата за пред и после промената на начинот на исхрана. (Фото: Инстаграм)

    Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е нов човек откако годинава го замени својот омилен зачинет колбас со здрава храна – според фотографиите објавени од неговата сопруга. На портретот објавен на Инстаграм во петокот, 78-годишниот Шредер изгледа многу послаб во споредба со фотографијата „пред“ објавена од Сојон Шредер-Ким (52), која исто така почна здравствена акција за 2023.

    „Леле, 10 години помлад! и „Одлично и почит за вашата издржливост“, коментираат корисниците на социјалните мрежи. Тајната?

    „Наутро: овесна каша и овесно млеко со свежо овошје“, откри Шредер-Ким. „За ручек: риба и многу зеленчук или повремено месо. Навечер: главно артичока. Десерт: природен јогурт со какао и семки од тиква“.

    Нејзиниот сопруг генерално се воздржува од вино, а „поголемиот дел од времето“ дури и каривурст, славна германска закуска каде што колбасот се натопува во кечап, а потоа се посипува со куркума, чили во прав и други зачини. „Куркума – дефинитивно НЕ“, додаде Шредер-Ким во врска со омиленото јадење на нејзиниот сопруг.

    Наклонетоста на Шредер за каривурст е добро позната во Германија. Како канцелар во 2002, тој нарачал оброк со каривурст и штрудла од јаболка за посетата на американскиот претседател Џорџ В. Буш, кој воопшто не бил импресиониран. Во 2021, Шредер го критикуваше производителот на автомобили „Фолксваген“ кога го замени каривурстот со вегетаријанска храна во мензата за персоналот. Јадењето со колбас е „дел од суперхраната на квалификуваниот работник во производството“, протестираше тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира