ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 90-ГОДИШНИОТ ИНДИСКИ АРХИТЕКТ ДОШИ

    ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 90-ГОДИШНИОТ ИНДИСКИ АРХИТЕКТ ДОШИБалкаришна Доши е првиот Индиец кој ја добива највисоката награда во архитектурата

    Деведесетгодишниот индиски архитект Балкаришна Доши ја освои престижната Прицкерова награда, за неговата пионерска работа за обезбедување соодветни живеалишта со ниски цени за куќите на најниските класи.

    Тој е првиот Индиец кој ја добива највисоката награда во архитектурата.

    Доши студирал во Мумбаи, пред да отпатува за Париз во 1950-тите години на минатиот век, за да работи за француско-швајцарскиот пионер, Корбизје.

    Доши ќе добие награда од 100.000 долари на свеченоста во Торонто во мај.

    „Балкаришна Доши отсекогаш создавал архитектура која сериозна,  никогаш не e претенциозна или пак да е заробеник на трендовите“, стои во одлуката на жирито на Прицкер.

    Еден од неговите концепти за вдомување на илјадници жители во Индија

     

    Доши му се заблагодари на жирито и рече дека неговите дела се продолжување на неговиот живот, филозофијата и неговите соништа.

    Во својата богата кариера, Доши работел на институции, комплекси за мешана употреба, станбени проекти, јавни простори, галерии и приватни резиденции.

    Тој стана еден од највлијателните архитекти на пост-независна Индија, спојувајќи ги меѓународните модернистички принципи со локалните традиции.

    „Се чини дека треба да се заколнам и цел живот да се потсетувам на тоа: на најниските класи да им се обезбеди соодветно живеалиште“, изјави Доши во 1954 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира