РОБИ ВИЛИЈАМС ГО ВОЗНЕМИРУВА ЏИМИ ПЕЈЏ СО ГЛАСНА ХАРД РОК МУЗИКА ОТКАКО СЕ СКАРАА ПОРАДИ БАЗЕН

    РОБИ ВИЛИЈАМС ГО ВОЗНЕМИРУВА ЏИМИ ПЕЈЏ СО ГЛАСНА ХАРД РОК МУЗИКА ОТКАКО СЕ СКАРАА ПОРАДИ БАЗЕНРоби Вилијамс и Џими Пејџ се соседи во Холанд Парк во западен Лондон (Фото: ПА)

    Роби Вилијамс го вознемирувал својот сосед Џими Пејџ така што гласно му пуштал музика од „Блек сабат“ и се облекувал како поранешниот фронтмен на „Лед цепелин“, Роберт Плант, се вели во поплаката до локалниот совет.

    Двајцата музичари, кои живеат во Холанд Парк во западен Лондон, се во конфликт откако поранешниот пејач на „Тејк дет“ добил петгодишна правна битка, со што му било одобрено да изгради базен во својот дом. Пејџ, легендарниот гитарист на „Лед цепелин“, стравува дека ископувањата ќе ја оштетат неговата куќа од 1875 година.

    Во писмото испратено до локалниот совет се вели дека Вилијамс исто така гласно пуштал песни од „Пинк флојд“ и од „Дип парпл“, знаејќи дека тоа ќе го вознемири 75-годишниот Пејџ, кој живее во овој крај 46 години.

    „Вилијамс исто така понекогаш го имитира Роберт Плант, носејќи долга перика и перница под маица, со што го исмева пивскиот стомак што Плант го добил на постари години. Тоа е срамно“, стои во поплаката, потпишана само со Џони.

    Портпаролот на Вилијамс изјави дека тврдењата од поплаката се целосно измислени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира