РОКЕРИТЕ ФАРЕЛ И НАВАРО ОД „ЏЕЈНС АДИКШН“ СЕ СТЕПАА НА СЦЕНА НА КОНЦЕРТОТ ВО БОСТОН

    РОКЕРИТЕ ФАРЕЛ И НАВАРО ОД „ЏЕЈНС АДИКШН“ СЕ СТЕПАА НА СЦЕНА НА КОНЦЕРТОТ ВО БОСТОНфронтменот Пери Фарел (лево) го удри гитаристот Дејвид Наваро и концертот се прекина. (Фото: Принскрин од видео)

    Револуционерниот алтернативен рок бенд „Џејнс адикшн“ се извини откако го откажа претстојниот концерт по тепачка на сцената во Бостон. Во петокот вечерта, американскиот бенд ја прекина свирката откако фронтменот Пери Фарел го удри гитаристот Дејвид Наваро.

    Во видеото објавено на социјалните мрежи од концертот во петокот вечерта во Бостон, се гледа како Фарел (65) гласно пее на својот микрофон, а потоа му се нафрла на гитаристот Дејв Наваро (57), удирајќи го Наваро со рамото пред да замавне во него со десната рака. Се гледа како Наваро ја држи десната рака исправена за да го оддалечи Фарел пред да го одвлечат од сцената. Концертот заврши набргу потоа.

    До тепачката дојде во услови на „тензија и непријателство“ за време на нивната обединувачка турнеја, изјави сопругата на пејачот Пери Фарел.

    „Фрустрацијата на Пери се зголемуваше, од ноќ по ноќ, тој чувствуваше дека јачината на звукот на сцената е исклучително висока и бендот го задушува неговиот глас“, напиша Ети Лау Фарел во објавата на Инстаграм во вчераутро.

    Таа рече дека нејзиниот сопруг страдал од тинитус и болки во грлото и „до крајот на песната, тој не пееше, тој врескаше само за да се слушне“. Таа рече дека нејзиниот сопруг подоцна се „утепал од плачење“.

    Бендот денеска требаше да свири во Бриџпорт, Конектикат како дел од повторната турнеја, но настапот е откажан.
    „Сакаме да упатиме искрено извинување до нашите обожаватели за настаните што се случија синоќа“, напиша синоќа бендот на Инстаграм. „Како резултат, ќе го откажеме утрешниот концерт во Бриџпорт“. Бендот инсистираше на тоа дека фановите ќе добијат надомест.

    Турнејата на бендот започна на почетокот на август и има уште 15 закажани концерти во наредните месеци низ САД и Канада. Нема потврда дали тие настапи сепак ќе продолжат..

    „Џејнс адикшн“ е формирана во Лос Анџелес во 1985 година, позната по хитовите инспирирани од панкот „Фатен во кражба“ (Been Caught Stealing“ и „Планинска песна“ (Mountain Song) во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, додека растеа алтернативните рок и гранџ музички движења. Бендот се состои од Фарел, Наваро, тапанарот Стивен Перкинс и басистот Ерик Ејвери, кои се обединија по повеќе од една деценија.

    Рокерите беа почестени со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2013.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира