САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ВЛОЖИ 64 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЗАБАВНАТА ИНДУСТРИЈА

    САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ВЛОЖИ 64 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЗАБАВНАТА ИНДУСТРИЈАСамо оваа година, во државата ќе се одржат 5.000 културно-забавни настани (Фото: Ројтерс)

    Саудиска Арабија објави дека ќе инвестира 64 милијарди долари во културата и во забавната индустрија во наредните децении.

    Само оваа година се планирани 5.000 настани и манифестации, вклучувајќи концерт на „Марун 5“ и настап на светски познатата театарско-акробатска група „Сирк ду солеј“. Исто така, во Ријад почна да се гради првата оперска куќа во државата.

    Оваа инвестиција е дел од големата социјално-економска реформска програма, позната под името „Визија 2030“, која пред две години беше обелоденета од 32-годишниот принц Моамед бин Салман, кој веќе некое време носи модерни одлуки во интерес на помладите генерации. Меѓу другото, тој во декември дозволи повторно да се отворат кино-сали во земјата по неколку децении забрана.

    Според локалните медиуми, со реализирањето на оваа програма, дури 220.000 луѓе ќе работат во забавниот сектор до крајот на 2018 година.

    Во близина на Ријад се планира изградба на забавен град со големина на Лас Вегас, кој би требало да биде уште еден туристички адут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира