Шакира и Жерар Пике се разделија, потврдија колумбиската пејачка и ѕвездата на Барселона. Парот, чија врска започна во 2010, има два сина, Милан и Саша.
„Жалиме што треба да потврдиме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш највисок приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето”, се вели во изјавата пренесена од агенцијата за комуникации на Шакира.
Разделбата доаѓа откако дефанзивецот на Барселона, кој го освои Светското првенство со Шпанија во 2010, наводно бил фатен во кревет со друга жена. Беше објавено дека парот живее одвоено неколку недели откако Пике беше исфрлен од нивната семејна куќа.
Фудбалската кариера на Пике во Барселона неодамна беше доведена во прашање поради низа повреди – иако тој сепак успеа да настапи 39 пати во 2021-2022 и има уште две години од договорот. 35-годишниот фудбалер се смета за иден претседател на клубот.