СЕЛО ВО ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ ДА ГО ЗАДРЖИ ХИТЛЕРОВОТО ЦРКОВНО ЅВОНО

    СЕЛО ВО ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ ДА ГО ЗАДРЖИ ХИТЛЕРОВОТО ЦРКОВНО ЅВОНОЅвоното поставено во 1934 година сепак ќе остане за да потсетува на мрачното минато на нацијата (Фото: АФП)

    Село во Германија одлучи да задржи контроверзно црковно ѕвоно, на коешто се врежани свастика и зборовите „Сѐ за татковината – Адолф Хитлер“.

    Локалниот совет на Херксхајм расправаше дали бронзеното ѕвоно од нацистичката ера претставува потсетник на мрачното минато на нацијата, но на крајот, со мнозинство гласови беше одбиено барањето тоа да се отстрани и замени.

    Ѕвоното тешко 240 килограми било поставено на илјада години старата протестантска црква во 1934 година.

    „Ѕвоното треба да остане за да поттикнува помирување и да потсетува на ужасните насилства и неправда“, објави селскиот совет.

    Селото Херксхајм во југозападна Германија го привлече интересот на јавноста откако поранешен црковен органист се пожали на „ѕвоното на Хитлер“. Градоначалникот Роланд Бекер дури поднесе оставка откако го бранеше ѕвоното.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира