СКОПСКИ МОДЕН ФЕСТИВАЛ

    СКОПСКИ МОДЕН ФЕСТИВАЛМодели на KTN на првата вечер од фестивалот (Фото: А. Михајловска)

    Првото издание на Скопски моден фестивал, кое ќе трае цел месец  почна синоќа. Оваа нова манифестација се одржува под слоганот „Иднината беше сегашност“ (The Future was Present) и започна со гала вечер во трговскиот центар „Сити мол“.

    Предвидено е да настапат над дваесет македонски и меѓународни учесници.

    Своите креации во наредниот месец ќе ги прикажат познати дизјанери како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева-Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, како и брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA. Странски гости ќе бидат STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

    Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов – Excellent Kitsch, додека првите чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции.

    Повеќе фотографии од првата вечер ќе најдете на www.smart.sdk.mk и на инстаграм профилот @sdkmk .

    А МИХАЈЛОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира