СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ВО 1945 ГО НАЦРТАЛ И НАПИШАЛ ПРВИОТ СТРИП НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

    СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ВО 1945 ГО НАЦРТАЛ И НАПИШАЛ ПРВИОТ СТРИП НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИКЈаневски го објавил првиот стрип на македонски јазик, „Еден бункер падна“ на почетокот од 1945, во младинската периодична публикација „Пионер“. (Фото: СДК.МК)

    Писателот Славко Јаневски со неговиот стрип „Киќа и детективи“ е првиот македонски автор кој напишал стрип. Тој бил создаден во 1940, а објавен следната година во српското списание „Микиево царство“. По Втората светска војна, Јаневски го објавил и првиот стрип на македонски јазик, „Еден бункер падна“ на почетокот од 1945, во младинската периодична публикација „Пионер“. Ова се податоците кои стрип истражувачот Александар Стеванов од Штип ги дознал истражувајќи за историјата на македонскиот стрип.

    Според Стеванов, стрип се цртало на почвата на Македонија уште во 14 век, кога е создадена хагиографската икона „Св. Никола со житие“ во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид (лево), а подоцна и иконата „Житието на Св. Ѓорѓи“ од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга од 15 век. (Фото: СДК.МК)

    „Ова моја студија за македонскиот стрип ја реализирав за периодот 1937 до денес. Опфатен е периодот и на македонската стриповска праисторија“, вели Стеванов, кој ова го работи последните 10 години.

    „Македонскиот стрип е крајно хетероген“, вели Стеванов. (Фото: СДК.МК)

    Јаневски бил автор и на првиот македонски стрип со историска личност како јунак, тоа е „Крале Марко и орелот“, објавен во списанието Стрип книга, исто така во Србија. Според Стеванов, стрип се цртало на почвата на Македонија уште во 14 век, кога е создадена хагиографската икона „Св. Никола со житие“ во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, а нешто подоцна и иконата „Житието на Св. Ѓорѓи“ од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, која датира од 15 век.

    Се забележуваат три основни столбови на творење – историски стрипови, па детските стрипови и политичките стрипови. (Фото: СДК.МК)

    Во 1998 е создаден првиот стрип албум во Македонија „Вара – каменот на љубовта“, македонски одговор на Астерикс и Обеликс, дело на Иван Пешев (текст) и Зоран Танев (цртеж). Авторите кои цртаат стрип во Македонија работеле на различни теми.

    Во 1998 е создаден првиот стрип албум во Македонија „Вара – каменот на љубовта“. (Фото: СДК.МК)

    „Македонскиот стрип е крајно хетероген. Се забележуваат три основни столбови на творење – историски стрипови, па детските стрипови и политичките стрипови“, вели Стеванов.

    Од архивата на стрип истражувачот Александар Стеванов од Штип за историјата на македонскиот стрип. (Фото: СДК.МК)

    Според Стеванов, најпознат македонски стрип е политичкиот и тоа „Пецко“ на Дарко Марковиќ. За жал, вели тој, интересот на младите за стрипот како уметност и како култура е многу слаб.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира