СЛИКАРОТ ПОПОВСКИ НАСЛИКА СЛИКИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД СКОПЈЕ

    СЛИКАРОТ ПОПОВСКИ НАСЛИКА СЛИКИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД СКОПЈЕПалијативната грижа има за цел да го подобри квалитетот на животот на лицата од сите возрасти кои живеат со болести кои се животно лимитирани, вели вели директорката на Геронтолошки завод „13 Ноември“ д-р Салија Љатиф-Петрушовска (Фото: Геронтолошки завод)

    Пациентите сместени во хосписот за палијативна грижа во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје денес добија слики од уметникот Живко Поповски, кој ги изработи за време на самата посета, како и производи за лична употреба од „Медикус хелп“. Во посета на пациентите беа и претседателката на Здружението за палијативна грижа Лидија Ветерова-Милковиќ  и претседателката на здружението „Животна искра“ Виолета Томовска, кои можеа да поразговараат со нив и да им ги дадат симболичните подароци.

    Сликите уметникот Живко Поповски ги изработи за време на самата посета на Заводот (Фото: Геронтолошки завод)

    Хосписот „Сју Рајдер“ Скопје постои веќе 20 години и тука најчесто се згрижуваат пациенти кои се палијативно болни од различни типови на болести, најчесто малигни и невролошки.

    „Палијативната грижа има за цел да го подобри квалитетот на животот на лицата од сите возрасти кои живеат со болести кои се животно лимитирани. Пристапот на палијативна нега во хосписите се фокусира на задоволување на потребите на лицето во целина: физичките, социјалните, психолошките, духовните проблеми и други, со кои се соочуваат тие и нивните семејства, а не само лекување на нивната здравствена состојба“, вели директорката на Геронтолошки завод „13 Ноември“ д-р Салија Љатиф-Петрушовска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира