СО КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ НАЈДОБРО СЕ СЛАБЕЕ, ВЕЛАТ НОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА

    СО КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ НАЈДОБРО СЕ СЛАБЕЕ, ВЕЛАТ НОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊАИстражувањата покажуваат дека се согорува околу 20 пати повеќе калории одејќи по скали отколку со одење по рамна површина, а дури и слегувајќи по скалите се согорува приближно пет пати повеќе. (Фото: АП)

    Ако се обидувате да ослабите и сакате нов начин да го направите тоа, качувањето по скали како редовна вежба – или само додавање неколку ката дневно – можеби е за вас. Достапно е, а истражувањата покажуваат дека е поефективно од одење на рамна почва.

    „Генерално, факт е дека со качувањето по скали побрзо влегувате во форма и трошите повеќе калории“, вели Лаури ван Хаутен, потпретседател на Меѓународната федерација за трчање, која надгледува широк спектар на дисциплини кои вклучуваат вертикално искачување.

    Ова вклучува дисциплини како планинско трчање над 2.000 метри или настани како Светското првенство во качување скали. Овие натпревари се за многу физички спремни луѓе, но за обичните луѓе во секојдневието станува збор за додавање неколку минути качување по скали како дневна рутина и подигање на свеста за нејзината ефикасност за сите возрасти.

    „Колку калории ќе согорам е прашањето што секој сака да го знае“, рече ван Хаутен. „Еве ја добрата вест: вкупната потрошувачка на енергија со вежбањето зависи од вашата тежина. Затоа, колку повеќе тежиш, толку повеќе согоруваш“.

    Истражувањата покажуваат дека согорувате околу 20 пати повеќе калории одејќи по скали отколку со одење по рамна површина. Дури, и слегувајќи по скалите согорувате приближно пет пати повеќе, а мускулите се обработуваат за да го забават опуштањето на телото. Тоа можеби е сè што треба да знаете ако се обидувате да изгубите тежина.

    Д-р Алберто Минети, физиолог на Универзитетот во Милано, има направено опсежно истражување на човечкото движење – вклучително и качување по скали.

    „Тоа е вежба која секој може да ја направи“, вели Минети. „Секогаш имате скали во близина – бесплатно е во споредба со теретана“.

    Минети математички објасни зошто качувањето по скали е толку ефикасно за согорување калории за кратко време.

    „За да преместите 1 килограм телесна маса преку 1 хоризонтален метар, трошите 0,5 калории“, рече тој. „Ако поместите 1 килограм телесна маса вертикално на скали, тоа е 10 калории. Значи, 20 пати повеќе калориите се трошат ако се движите вертикално наместо хоризонтално.

    Обучен како лекар, Минети ја помина својата кариера во истражување наместо да лекува пациенти. Тој вели дека почетницит и не толку млади луѓе треба да внимаваат на брзината на каќувањето по скали. Тој сам се качува по скали до неговиот стан на третиот кат во Милано. Вели дека често пред да се искачи неколку пати вдишува длабоко, што му помага да се чувствува посвеж на врвот.

    Во една научна студија, Минети истакнува дека користењето на рацете при качување по скали додава дополнителна моќ. Скалишните огради нудат и безбедност. Студијата забележува дека оградите се достапни во повеќето скалили во облакодери, што ја максимизира „вклучената мускулна маса и, следствено, механичката/метаболичката моќ на искачувањето“ со вклучување на рацете.

    „Тие се релативно мали мускули на рацете, но подобри од ништо“, вели Минети.

    Скалите се насекаде – еден кат, два ката до дома, внатре во облакодери, на стадиони и арени, на работа, во трговски центри. Една огромна предност на качувањето по скали е тоа што не одзема многу време. Лесно е да се зголемува изодената висина, додавајќи по неколку скали секој ден или недела и ја подобрува рамнотежата.

    Единствената слаба страна е што качувањето по скали не нуди убав поглед на околината, особено скалилата во високите облакодери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира