СО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ESG-СТАНДАРДИТЕ, „ТИКВЕШ“ СТАНА ПРВАТА ЗЕЛЕНА ВИНАРНИЦА ВО РЕГИОНОТ

    СО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ESG-СТАНДАРДИТЕ, „ТИКВЕШ“ СТАНА ПРВАТА ЗЕЛЕНА ВИНАРНИЦА ВО РЕГИОНОТЦелта ни е со нашите активности позитивно да влијаеме врз животната средина, заедницата и целокупното општество, кажа претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски (Фото: Тиквеш)

    Винарската визба „Тиквеш“ е првата компанија во винската индустрија во регионот која ги применува водечките глобални ESG-стандарди во доменот на заштитата на животната средина, позитивното општествено влијание и транспарентното корпоративно управување. Примерот на „Тиквеш“ треба да биде инспирација и мотив и за останатите домашни компании за тоа како треба да размислуваат и делуваат за да постигнат одговорен и одржлив развој.

    Ова е една од клучните пораки од конференцијата за имплементација на ESG-стандардите што ја организираше „Тиквеш“, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со финансиска поддршка од Фондот на ЕУ за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан.

    Ние во Тиквеш и во сите поврзани компании отсекогаш цврсто сме верувале дека она што го работиме треба да дава поголем ефект и целта ни е со нашите активности позитивно да влијаеме врз животната средина, заедницата и целокупното општество. Сакаме да обезбедиме перспектива за младите луѓе од нашата земја и да им дадеме можност да ги реализираат своите планови и соништа тука, а не во странство. Затоа први ги воведовме ESG-стандардите, а денес го имаме и нашиот прв ESG-извештај. Воведувањето на овие стандарди го направивме со сопствени сили и сопствени средств“, кажа претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.

    Во изминатите три години од воведувањето на ESG-стандардите, во „Тиквеш“ се реализираа голем број активности и проекти во сите области важни за одржливиот развој. Во оваа група спаѓаат активностите за поддршка и градење партнерски односи со лозарите, подобрување на процесите и воведување практики и стандарди кои ќе овозможат натамошен развој на домашното лозарство и винарство и унапредување на винската култура во нашата земја. Реализирани беа и проекти за изградба на фотоволтаична централа и воведување системи за наводнување капка по капка, намалување на јаглеродниот отпечаток и заштита на биодиверзитетот, со кои „Тиквеш“ го потврдува епитетот на прва зелена винарница во регионот и пошироко.

    Во тој дел беше истакнато и приклучувањето на „Тиквеш“ кон групата Меѓународни винарници за борба против климатските промени (IWCA), во која членуваат 40 водечки светски винарници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира