СОПРУГАТА НА ГОЦЕ АРНАУДОВ СЕ РАСПЛАКА КОГА ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО НЕГОВО ИМЕ НА ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО

    СОПРУГАТА НА ГОЦЕ АРНАУДОВ СЕ РАСПЛАКА КОГА ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО НЕГОВО ИМЕ НА ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВОНаградата ја прими вдовицата на Арнаудов, Силвија (Фото: СДК.МК)

    Фолк легендата Гоце Арнаудов постхумно доби награда за животно дело на Фолк фест Валандово, кој се одржува во салата „Јанко Узунов”. Наградата ја прими вдовицата на Арнаудов, Силвија, која се расплака на сцената и се поклони пред неговата слика.

    „Тој со мерак пееше на овој феетивал и беше негово обележје”, рекоа водителите Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев.

    Кога на видеобим се покажа слика од Арнаудов, целата сала стана на нозе и со аплауз му оддаде почит.

    Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954, а почина на 6 декември 2011. Тој зад себе има над 200 песни и стотина награди од фестивали во земјава и странство. Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а во 2000 на стадионот во Струмица одржа концерт со околу 10.000 публика.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира