УРБАН ИНВЕСТ СЛАВИ 27 ГОДИНИ

    УРБАН ИНВЕСТ СЛАВИ 27 ГОДИНИ

    Компанијата за производство на павер елементи и терастон плочки „Урбан Инвест“ годинава слави 27 години од основањето и е една од најуспешните компании во градежната индустрија во земјава и на балканот.
    Со производство на бетонски павер елементи почнува 1993 година, а 2.000 година почнува со производство на Терстон, последна генерација на терацо плочки. Во 2002 година компанијата почнува да гради и станбени згради на неколку атрактивни локации во Скопје.
    Фабриката за производство на Урбан Инвест се наоѓа во с. Возарци, во близина на Кавадарци, на површина од 15.000 метри квадратни.
    „Во процесот на производство се работи по светски пропишани норми и стандарди. Наш главен приоритет се клиентите и лесно се прилагодуваме на нивните потреби и барања“, велат од „Урбан Инвест“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира