ВИЕ СТЕ МОЈ БОГ, МУ РЕЧЕ ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА НА ТАПАНАРОТ НА „ДИП ПАРПЛ“ ИЈАН ПЕЈС

    ВИЕ СТЕ МОЈ БОГ, МУ РЕЧЕ ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА НА ТАПАНАРОТ НА „ДИП ПАРПЛ“ ИЈАН ПЕЈСТакаичи во младоста свирела во трибјут-бенд на „Дип парпл“, откако станала нивна обожавателка уште во основно училиште. (Фото: Кабинет на премиерката на Јапонија)

    Британската рок група „Дип парпл“ се сретна со долгогодишната обожавателка во Токио, јапонската премиерка Санае Такаичи.

    „Вие сте мој Бог,“ му рече со насмевка  Такаичи  на тапанарот Ијан Пејс, додека му подаваше пар потпишани јапонски тапанарски палки.

    И самата страсна тапанарка, Такаичи во младоста свирела во трибјут-бенд на „Дип парпл“, откако станала нивна обожавателка уште во основно училиште. Такаичи свирела клавијатури во трибјут-бендот, пред да премине на тапани за време на студиите на универзитет. Позната била по тоа што носела неколку пара палки за тапани, бидејќи често ги кршела за време на настапите.

    Членовите на „Дип парпл“ се сретнаа со првата премиерка на Јапонија при новата турнеја низ земјата каде што во 1972 го снимија концертниот албум „Произведено во Јапонија“ (Made in Japan),  кој се смета за еден од најдобрите рок албуми на сите времиња. (Фото: АП)

    „Деновиве, кога се карам со сопругот, удирам на тапани на ‘Гори’ (Burn) и фрлам клетва врз него,“ им рече 65-годишната конзервативна лидерка на музичарите во нејзиниот кабинет на средбата на 10 април.

    Бендот се сретна со првата премиерка на Јапонија при новата турнеја низ земјата каде што во 1972 го сними концертниот албум „Произведено во Јапонија“ (Made in Japan),  кој се смета за еден од најдобрите рок албуми на сите времиња.

    „Не можам да поверувам дека ‘Дип парпл’ се тука,“ рече Такаичи, насмевнувајќи се додека ги поздравуваше музичарите. „Имам најдлабока почит за начинот на кој продолжувате да ја создавате историјата на рок-музиката, истовремено прифаќајќи нови предизвици и создавајќи привлечна музика до ден-денес“, им рече таа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира