28-ГОДИШНИК ОД ВЕЛЕШТА ПРИТВОРЕН ЗА ПЕДОФИЛИЈА, ФАТЕН Е КАКО СОБИРА И ДИСТРИБУИРА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ТЕЛЕГРАМ, СИГНАЛ И ВАЈБЕР

    28-ГОДИШНИК ОД ВЕЛЕШТА ПРИТВОРЕН ЗА ПЕДОФИЛИЈА, ФАТЕН Е КАКО СОБИРА И ДИСТРИБУИРА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ПРЕКУ ТЕЛЕГРАМ, СИГНАЛ И ВАЈБЕРНазивите на групите за детска порнографија на кои висел и пуштал материјали И.Ј. од Велешта се морбидни, па истражните органи велат дека нема да ги објавуваат. Важно е дека ги знаат и имаат пристап во нив. (Фото:СДК.МК)

    И.Ј. (28), жител од струшкото село Велешта, фатен е како собира и дистрибуира детска порнографија, поради што денеска доби притвор и отиде во затворот во Шутка.

    Струшкото јавно обвинителство поведе истрага против овој 28-годишен жител на Велешта, за кој дознаваме дека не бил оженет, немал потесно семејство.Го сомничи за продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик.

    Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг начин правел достапна детска порнографија преку интернет.

    „Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен“, соопшти Обвинителството.

    Називите на групите за детска порнографија на кои висел и пуштал материјали И.Ј. од Велешта се морбидни, па истражните органи велат дека нема да ги објавуваат. Важно е дека ги знаат и имаат пристап во нив.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира