3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА НЕЗАКОНСКИ ТЕНДЕР ЗА „СОНЧЕВ ГРАД”, СИТЕ 6 ОСУДЕНИ ТРЕБА ДА НАДОМЕСТАТ МИЛИОН ЕВРА НА БУЏЕТОТ

    3,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА НЕЗАКОНСКИ ТЕНДЕР ЗА „СОНЧЕВ ГРАД”, СИТЕ 6 ОСУДЕНИ ТРЕБА ДА НАДОМЕСТАТ МИЛИОН ЕВРА НА БУЏЕТОТОд изрекувањето на пресудата во Основниот кривичен суд. (Фото: тв 24/принтскрин)

    Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески неправосилно е осуден на 3,5 години затвор во предметот „Топлик“, каде што заедно со уште петмина други е обвинет дека со злоупотреба на службената положба и овластувањата го оштетиле буџетот за милион евра од камати, за пропаднатиот договор за купопродажба на земјиште за изградба на комплекс „Сончев град” на Водно.

    Томе Ѓурчилов доби тригодишна затворска казна, додека Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска добија условни казни.

    Причинетата штета осудените солидарно да ја надоместат, рече судијата Осман Шабани од Основниот кривичен суд.

    Според пресудата, Јанакиески иако на 3.04.2007 година добил записник дека не се исполнети условите за јавно наддавање на површината за продажба, тој го игнорирал тоа и веќе следниот ден формирал нова комисија за јавни набавки.

    На новата комисија Јанакиески им наложил на денес осудените членови на комисијата, а овие го послушале и објавиле оглас.

    На 14.05.2007 спровеле јавна набавка. Иако знаел дека документацијата не била правилна и комплетна, фалеле имотни листови за повеќе парцели, на 8.06.2007 Јанакиески склучил договор за јавна набавка со израелската фирма „Сансити“.

    13 парцели од вкупната површина не биле слободни за продавање и договорот за почнување на градбата не можел да се реализира. Поради тоа добавувачот го раскинал договорот и си ја наплатил каматата од милион евра.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира