Буџетот за 2020 година ќе изнесува 239 милијарди и 700 милиони денари или 3,9 милијарди евра, што е за 5 отсто повеќе од годинашниот буџет, кажа министерката за финансии Нина Ангеловски, на денешната прес-конференција во Владата.
Таа рече дека приходите ќе изнесуваат 222 милијарди и 300 милиони денари или 3,6 милијарди евра, што е за 5,6 отсто повеќе од годинава. Дефицитот е проектиран на 2,3 отсто од БДП, рече Ангеловска.
Таа рече дека зголемувањето ќе се постигне со поголем даночен опфат и полесни административни процедури за намалување на даночната евазија.
Најголеми ставки во буџетот се Социјална заштита – 88 милијарди денари, Здравство – 38 милијарди денари и Образование – 28 милијарди денари.
М. ИЛИОСКИ