46 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ВКУПНО 663

    46 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, ВКУПНО 663Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. - Клиничкот центар во Скопје (Фото:СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот, велат од Министерството за здравство. По градови: Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица.

    • Скопје – 273
    • Куманово – 143
    • Дебар – 49
    • Штип-20
    • Прилеп – 46
    • Тетово – 30
    • Струга – 30
    • Велес – 18
    • Битола – 8
    • Охрид – 3
    • Кавадарци – 3
    • Гостивар – 4
    • Гевгелија – 4
    • Струмица – 2
    • Крива Паланка-3
    • Радовиш – 4
    • Крушево – 3
    • Кочани – 19
    • Пробиштип – 1

    Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет – 8, Авицена – 19, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на КОВИД-19.

    Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира