АДВОКАТОТ МЕРЏАН ДАУТИ КОЈ САКАШЕ ДА ГО БЛОКИРА СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ВО „ТНТ“ ЗАВРШИ ПРЕД ДИСЦИПЛИНСКИ ОБВИНИТЕЛ ВО АДВОКАТСКАТА КОМОРА

    АДВОКАТОТ МЕРЏАН ДАУТИ КОЈ САКАШЕ ДА ГО БЛОКИРА СУДЕЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ВО „ТНТ“ ЗАВРШИ ПРЕД ДИСЦИПЛИНСКИ ОБВИНИТЕЛ ВО АДВОКАТСКАТА КОМОРАСудијата Ставрев Ставрев на денешното рочиште за „ТНТ“ го прочита писмото што го испратил до Адвокатската комора во кое наведува дека адвокатот Мерџан Даути сака да ја одолговлечи и да ја блокира оваа постапка, која е на самиот крај. - Адвокатот Мерџан Даути излегува од Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Судијата Огнен Ставрев, кој го води судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски од политичка одмазда, поднел дисциплинска постапка против новонајмениот адвокат во случајот Мерџан Даути, под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат.

    Ставрев на денешното рочиште го прочита писмото што го испратил до Адвокатската комора во кое наведува дека со барањето на Даути, кој се повикува на Законот за употреба на јазиците да му се обезбеди превод на целиот предмет, сака да ја одолговлечи и да ја блокира оваа постапка, која е на самиот крај.

    Тој ја известува Адвокатската комора дека наскоро ова судење завршува и ќе бидат дадени завршни зборови и ќе бидат изречени пресудите. Притоа, во писмото ја потсетува Комората дека членот 12 од Законот за адвокатура вели дека во именикот на Адвокатската комора може да се впише лице кое мора активно да го зборува македонскиот јазик и да има положено правосуден испит на македонски јазик.

    „Овој случај е класична злоупотреба за да се одложи тековната судска постапка и обвинетите лица да избегнат одговорност“, вели Ставрев.

    Одненадеж, на 4 ноември, една од обвинетите Елисавета Најдовска го откажа полномоштвото на адвокатот кој две години ја брани, Димитар Дангов, и најми адвокат Албанец, Мерџан Даути, кој ѝ дал полномошно на албански и кое таа без да го разбере го потпишала. Даути веднаш побара увид во целиот предмет, судот му овозможи, но тој не го извршил и го напуштил судот со образложение дека преводот не е на албански јазик, согласно новиот Закон за употреба на јазиците.

    Ставрев на судењето го прочита и одговорот од Адвокатската комора, во кое го известува дека против Даути ќе биде поведена дисциплинска постапка пред т.н. дисциплински обвинител во Адвокатската комора за да се испитаат наводите на Основниот суд Скопје 1, односно судијата Ставрев.

    „Можете секако да си останете бранител на обвинетата Најдовска, ќе си добиете превод на судењето согласно законите, но не можете да добиете превод на сите списи зашто со адвокатската лиценца е потврдено дека активно го знаете македонски јазик“ кажа Ставрев на денешното рочиште за „ТНТ“, чие што продолжение го закажа за 25 ноември.

    Во предметот „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира