АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ЗАПЛЕНИ ЈАТКАСТИ ПРОИЗВОДИ СО ИСТЕЧЕН РОК ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ

    АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ЗАПЛЕНИ ЈАТКАСТИ ПРОИЗВОДИ СО ИСТЕЧЕН РОК ПРЕД ДВЕ ГОДИНИСтанува збор за огромна количина јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини кои биле без соодветни декларации, а на дел од нив рокот на употреба им бил истечен од една до две години. (Фото: АХВ)

    Триесет и седум тони храна запленила и униптила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатава недела. Како што соопштија од АХВ, станува збор за огромна количина јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини кои биле без соодветни декларации, а на дел од нив рокот на употреба им бил истечен од една до две години.

    „За овој сторен прекршок, на операторот со храна му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна, како и наредба за итно отстранување на сите утврдени недоследности“, велат од АХВ.

    Минатата недела, инспектори од Агенцијата правеле проверки во месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. Биле утврдени повеќе недоследности, како што се нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната и пуштање во промет на небезбедна храна. Поради тоа, операторите и нивните одговорни лица се казнети парично и им се изречени дополнителни привремени забрани за вршење дејност.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира