АКО ИНСИСТИРААТ ДА СЕ РЕШАТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ СПОРОВИ БАЗИРАНИ НА ИСТОРИЈА, НИКОЈ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ БИЛО КОГА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА БРДО-БРИОНИ

    АКО ИНСИСТИРААТ ДА СЕ РЕШАТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ СПОРОВИ БАЗИРАНИ НА ИСТОРИЈА, НИКОЈ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ БИЛО КОГА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА БРДО-БРИОНИПретседателот Стево Пендаровски со колегите Зоран Милановиќ, Наташа Пирц Мусар и Александар Вучиќ пред денешниот состанок на земјите од процесот Брдо-Бриони. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски кажа билатералниот проблем со Бугарија го покри целокупниот процес на евроинтеграција базиран на критериуми и ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат решени билатералните спорови базирани на историја или на емоции, ниту една земја од Западен Балкан никогаш нема да влезе во ЕУ.

    Македонскиот претседател денеска во Скопје е домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, заедно со претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар.

    „Нам ни е јасно дека од 1997 година е задолжителна таа клаузула за добрососедски односи, мора да се исполни. Меѓутоа, по однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалце двајца од нашите соседи. Во последните три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционалната европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека тоа час поскоро ќе се промени, бидејќи ако инсистирате на Западниот Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историја или на емоции, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ било кога“, кажа Пендаровски, одговарајќи на прашање на хрватски новинар дали за влез во ЕУ е поважно да се решат билатералните спорови на кандидатите со членките на ЕУ или исполнување на официјалните критериумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира