„АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКО СЕЛО ОДБЕЛЕЖАА ЕДНА ГОДИНА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО

    „АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКО СЕЛО ОДБЕЛЕЖАА ЕДНА ГОДИНА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВОКако дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата. (Фото: Алкалоид)

    „Алкалоид“ и СОС Детско село одбележаа една година стратешко партнерство во рамките на кое компанијата донираше 2 милиони денари. Минатиот декември, една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која „Алкалоид“ стана клучен помагател и главен поддржувач и со донацијата овозможи непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите. СОС Детско село е организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители.

    „Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

    „Соработката ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје. (Фото: Алкалоид)

    Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, заблагодарувајќи се соработката и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“

    Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството.

    Во СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа децата од СОС Детско село, на тема „Љубов е…“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“. Сите цртежи на децата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“, поврзани со детската колекција „Бекутан“.

    СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира