АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД 11 ОТСТО И 54 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА

    АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД 11 ОТСТО И 54 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА

    „Алкалоид АД“ реализираше раст на консолидираните продажби од 9%, раст на консолидираната нето добивка од 11% и 54 нови вработувања во периодот јануари-јуни 2017 година, соопшти фармацевтската компанија. Вкупните инвестиции во основни средства во истиот период изнесуваат 323.470.022 денари.

    „Алкалоид АД“ оствари консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 668.995.343 денари бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 361.750.584 денари е зголемена за 11%.

    Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари-јуни, продажбите достигнуваат 3.507.290.746 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 649.689.157 денари, бележи зголемување од околу 11%, единечната нето добивка изнесува 374.886.745 денари и истата е зголемена за 9%.

    Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 127.873.079 денари и Унгарија со продажби од 11.691.735 денари што претставува зголемување за 18 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Русија раст од 24%, Романија раст од 52%, Словенија раст од 24%, Украина раст од 33%, Црна Гора раст од 17% итн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира