АЛКАЛОИД СО ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА ОД 12% ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА, СООПШТИ КОМПАНИЈАТА

    АЛКАЛОИД СО ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА ОД 12% ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА, СООПШТИ КОМПАНИЈАТА62 отсто од продажбата е остварена на странски пазари - Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на Алкалоид (Фото: СДК.МК)

    Фармацевтската компанија „Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2017 година, соопшти компанијата.

    Според податоците од неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех за периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.781.320.547 денари, што е за 11% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

    Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која изнесува 342.090.242 денари, бележи зголемување од околу 12%, единечната нето добивка изнесува 203.498.490 денари и е зголемена за 9%.

    Вкупните консолидирани продажби во првите три месеци достигнуваат 2.332.909.055 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

    Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 11%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9%. Од вкупните консолидирани продажби, 38% се остварени на домашен пазар, додека 62% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

    Во истиот период реализирани се 30 нови вработувања, соопшти „Алкалоид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира